14.09.2020

Зошто треба да го посетите село Радожда?

Зошто треба да го посетите село Радожда?

Радожда се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, крај македонско-албанската граница. Сместено е во југозападниот дел на Општина Струга, чиј атар се доира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро. Радожда е сместено во подножјето на карпест гребен кој се спушта од планината Јабланица. Селото е рамничарско и расположено на надморска височина од 700 до 725 метри. Од градот Струга е оддалечено 11 километри во јужен правец и на два километри од границата со Албанија. Софија Јанева или позната како „Travel with Janeva“ викендот уживаше токму овде. 


Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во XVIII век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од XIV век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.


Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Вија Егнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.


Во селото нема културни настани, туку помасовните настани кои се одржуваат се однесуваат на верските традиционални одбележувања на неколку празници. Тоа се фрлањето на крстот кое се обнови во 1990 година и кое се одржува на брегот на езерото кај црквата Св.Недела. Фрлачот и скокачите по крстот се наоѓаат во кајчиња на околу 50 метри од брегот. По фаќањето на крстот кој е метален и завиткан во бела риза, групата која го фатила заминува низ селото влегувајќи во сите куќи од селото каде се дарувани од населението.

Cover foto: Instagram: @janeva
Текст: Википедија


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.