22.12.2020

Езерска вила со огромен двор и градина: За луѓето кои бараат спокој

Езерска вила со огромен двор и градина: За луѓето кои бараат спокој

Ден по ден, базата на Кајак.мк расте. Од планини, до реки и езера. Секое место каде би можеле да преноќевате ќе биде додадено во нашата база приватни сместувања. Наскоро ќе заокружиме 100 сместувања кои можете да ги пронајдете во нашата база, а во новата 2021-ва година доколку се нормализира ситуацијата со пандемијата ќе започнеме и со додавање вили и апартмани надвор од границите на Македонија кои ќе може да ги резервирате со еден клик на Кајак.мк. 

Денеска ве водиме на Преспанско Езеро. Многумина од туристите не се љубители на планината и на скијањето, па за да им излеземе во пресрет ќе споделуваме вили кои се наоѓаат покрај македонските крајбрежја. 

Ако сте се запрашале што би правеле на Преспанско Езеро доколку ја резервирате вилата Кирјана, еко тимот на Кајак.мк во продолжени е ви споделува неколку совети:
Претор е  познато туристички места во Македонија со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Неколку стотици викед куќи се нанижани од местото каде постоеше некогашната Пумпата за вадење вода за наводнување на Преспанското Поле се’ до атарот на селото Сливница. Голем број од овие прекрасни куќи се постојани живеалишта.

Недалеку од Претор се наоѓа селото Курбиново кое е на 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950м, со околу сто и триесетина жители. Тоа е старо христијанско село, во кое секогаш живееле православни Македонци.  Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.

Околу Преспанското Езеро живеат доста диви животни. Наш совет е да внимавате доколку сами поаѓате во националниот парк Галичица. 

За „мрзливите“ туристи кои сакаат да останат по цел ден во сместувачкиот објет, вилата Кирјана нуди огромен двор во кој може да го апсорбираат зимското сонце. Вилата е доста модерна и може да одговори на барањата на секој патник. Таа се наоѓа на само 5 минути пеш од езерото.


Доколку сакате да се запознаете со вилата, погледнете повеќе фотографии и телефон за резервација, кликнете ОВДЕ




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.