09.12.2020

Вила на Беровско езеро со сопствена сауна и одлична панорамска местоположба

Вила на Беровско езеро со сопствена сауна и одлична панорамска местоположба

Зима, снег, студ, чај и мед. Зимата не е само Нова Година, како што и туризам не е изнајмување на вила на едно ноќевање за Нова Година. Туризам во зима е нешто повеќе од еден новогодишен бал, односно, ова е период од три месеци кој ви нуди поразлични уживања. Зимата може да биде многу романтична ако знаете како да си ја организирате.

Една од тие романтични локации кои вредат во текот на зимата е Беровското езеро. 
На почетокот споменавме чај и мед, па овде би сакале да се надоврзиме на фактот дека Беровскиот регион го има еден од најдобрите борови сирупи и мед кои се закитени со бројни меѓународни признанија. Затоа нашиот тим ви препорачува при првата посета на овој регион освен сирењето, да купите и беровски мед кој го има во огромни количини.

Замислете надвор како паѓа снег, а вие уживате во вилата на Иван која ја има во нашата база приватни сместувања. Во вилата имате чај во рацете засладен со малешевскиот мед. По чајот излегувате на шетање по снегот, се е тивко околу вас, а слушате само како паѓаат пласти снег и друго апсолуно ништо. Така освежени од снегот се враќате назад во вилата и завршувате во сауната која ја има самата вила. Поубаво не може да биде нели? 

За да ја погледнете вилата, прочитате повеќе информации за неа и извршите резервација, ве молиме кликнете ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.