08.02.2023
Во Македонија постојат дрвени куќарки на 1410мнв во кои можете да престојувате
Во Македонија постојат дрвени куќарки на 1410мнв во кои можете да престојувате
Платформата
Кајак.мк постои со цел да ве запознае со сето она кое го имаме во Македонија,
она кое треба да го вреднуваме и секако на крајот на денот- да го посетиме!
Нашата цел во
2023-та година е да достигнеме бројка од над 600 уникатни прибежишта во кои ќе можете
да уживате со вашето семејство, блиски пријатели или пак ќе можете да
организирате тим-билдинг заедно со вашите колеги од работа.
Денеска ве водиме во селото Ќафа кое е сместено во подрачјето на планината Добра Вода. Сигурни сме дека за селото Ќафа не сте слушнале повеќето од вас?

Денеска во селото не живее никој, но затоа од средината на месец април ќе бидат отворени нови уникатни дрвени куќарки, кои можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ. Прекрасната шума и чистиот воздухот се главната причина поради која треба да го посетите овој крај на Македонија и да се уверите дека во Македонија има луѓе кои креираат локален туризам што значи приказна.
Ние разговаравме со домаќинот Шази, човекот кој за селото Ќафа вели дека ќе остане негова вечна дедовина каде одлучил да инвестира да ја вложи сета љубов во создавањето атракција која ќе го оживее пулсот на ова напуштено селце.

Селото Ќафа е
идеална дестинација за љубителите на боровата шума. Ресортот е опкружен со
борова шума која е стара над 30 години.
Ресортот Лиса ќе ги
отвори вратите за гости во месец април, а во тек се финалните подготовки на
ресторанот и уредување на околината.
Шази вели дека
преку летниот период оваа дестинација е идеална бидејќи преку ден не е жешко, а
ноќите се свежи. Причината е надморската височина од 1410 метри.
До ресортот се
пристигнува по асфалтиран пат кој води од градот Кичево и е оддалечено 26 километри.
Гостите ќе може
да резервираат сместување од средината на месец април. Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.