02.12.2020

Вила на Беровско идеална за снежни денови!

Вила на Беровско идеална за снежни денови!

За љубителите на снегот, но не и на скијањето, постојат доста опции за престојување во Македонија. Една од дестинациите кои ние ви ја препорачуваме задолжително да ја посетите во зима, особено кога има снег е Берово. Дали сте знаеле дека Берово е град со највисока концентрација на кислород во воздухот на Балканот? Над Беровското езеро поминува еден од само 4 коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а кои ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија и кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.

Нашиот еко тим кој е во постојана потрага по нови места за престој, денеска ве запознава со Хестиа Апартманите во Берово кои се на одлична локација. Опколени со борова, букова и дабова шума и недалеку од Беровското езеро кое Ви дава чувство на недопрена убавина.

Ако решите да го посетите Берово, не брзајте да стигнете порано. Искачувајќи се кон преубавиот зимски планински предел ќе ја поминете Мискиџиовата чешма и ќе стигнете до Обозна – највисокото место, со надморска височина од од 926 метри. Наша препорака е да направите кратка пауза овде и да вдишите длабоко. Ќе го почувствувате чистиот планински воздух со највисока концентрација на кислород и ќе ја осетите острината на планинскиот ветер.

Во далечината ќе ги забележите планинските врвови покриени со снежната кристална белина и тогаш ќе се уверите во беспрекорната убавина што не е нималку помала од убавината на Швајцарските Алпи. Токму затоа на Берово многумина го нарекуваат и Мала Швајцарија.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата, цени и фотографии кликнете ОВДЕ. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.