05.12.2022

Изработувам накит и украси од епоксидна смола

Изработувам накит и украси од епоксидна смола

Во студените и врнежливи есенски денови голем дел од луѓето наоѓаат креативно прибежиште и инспирација за остварување на ново хоби. За таа прилика деновиве разговаравме со младата студентка Андријана која од неодамна својата имигинација и креативност ги преточува во изработка на мали и симпатични нешта со помош на епоксидна смола.


Со звукот на дождот и прикладна музика нејзините вешти раце изработуваат најразлични нешта од украси, бележници за книги, па дури и накит.

Интересен е фактот што во голем дел од нејзините изработки таа како украс користи цвеќиња кои делумно самата ги одгледува, а делумно ги собира во природното опкружување што само по себе е уникатна идеја бидејќи на тој начин цвеќето се конзервира и зачувува голем дел од својата автентичност.


Вели не може да се опише ефектот на смирување и активно  ,,полнење на батериите" по напорниот ден со вообичаените обврски како студент.

Ова интересно хоби побуди кај нас посебен интерес и научивме дека употребата на епоксидна смола прераснува во модерен тренд. Таа се користи како декоративен дел во мебелската индустрија. Комбиниран со други засилувачки влакна епоксидот се користи и за изработкаа на скии, даски за сноуборд, хокеарски стапови и голем број други алатки од секојдневието.


Андријана би сакала во иднина да го проучи и усоврши користењето на епсоксидна смола комбинирано со елементи за изработка на мебел што за неа е посебен предизвик и мотив.


За крај таа има да ни каже ,,Искрено препорачувам на секој да работи на своите идеи, бидејќи никогаш не знаеме до каде може да стигнеме. Отварањето на свој профил на социјалните мрежи е бесплатно, а останатото е многу работа и труд .

Изработките на Андријана можете да ги погледнете на нејзиниот инстаграм профил @anni_epoxy.


Посебно интересни за овој период пред Нова Година и Божиќните празници се рачно изработените лампиони кои би дале посебен сјај на вашата новогодишна елка.

Повеќе производи од Андријана можете да погледнете во нашата нова „Бакалница“ која ќе стартува со работа многу наскоро, а каде ќе можете да купувате он-лајн од вашиот дом. Тезгата на Андријана можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

Бидете свои и споделете ги вашите приказни со Кајак.

Истражува и раскажува: Александар Петковски

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.