14.07.2020
Mia's Favorite Hotel Mavrovo го развива модерниот туризам во Маврово
Mia's Favorite Hotel Mavrovo го развива модерниот туризам во Маврово
Со еден ваучер за домашен туризам кој изнесува 6000 денари може да се резервираат три ноќевања со појадок за две возрасни лица и едно дете до 12 години.
Како што ни велат од хотелот, во цена од 6000 денари има вклучено три ноќевања со појадок, користење спа центар, Wi-Fi , Netflix, детско игралиште и приватен паркинг за гостите. Љубезниот менаџмент за патниците во месец јули го части првото кафе на гостите, а вели дека ова цена е одлична понуда за сите, а не само за корисниците на ваучери.
Корисниците без ваучери, можат да извршат пак дирекна резервација со еден клик ОВДЕ
На љубителите на планинските спортови, планинскиот чист воздух и спа уживањето им го препорачуваме Mia's Favorite Hotel Mavrovo. Ако се прашувате зошто, ќе ви одговориме на кратко. Затоа што овде има сè.

Со поглед кон мавровското езеро и уникатна местоположба, хотелот е вистински избор за корисниците на ваучери за домашен туризам, но и за сите останати коишто знаат што е добро. Луксузот овде има повеќе дефиниции кои одговараат на сечие барање. Хотелот се наоѓа на надморска височина од над 1200 метри, во непосредна близина на највисоките алпинистички терени во Македонија и на само неколку минути од популарното археолошко наоѓалиште и на неколку минути пеш од фамозната потопената црква Св. Никола Летен. 
Хотелот има на располагање повеќе од 30 соби кои се модерно реновирани годинава, а кои нудат одличен уникатен домашен амбиент, со загушени ноќни светла, удобна постелнина, модерни плазма телевизори на кои има Нетфликс, реновирани купатила со тоалети, спа центар со модерно лоби и ресторан на затворен и отворен простор.

Кајак.мк ви го препорачува хотелот затоа што менаџметот знае како да ви го организира времето на престој. Тие се воедно организатори на доста планинарски тури, летање со параглајдер, јавење коњи, пловење по мавровското езеро, изнајмување велосипеди и уште што не.

Mia's Favorite Hotel Mavrovo нуди објект кој ќе ви ја смири душата. Затоа наша препорака е да побрзате со резервации бидејќи просториите се ограничени, а понудата извонредна. Повеќе информации можете да добиете на: 076 229 966 или на [email protected]


Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.