15.08.2023
Вила во Полихроно со базен, мир, тишина и прекрасен поглед кон морската ширина
Вила во Полихроно со базен, мир, тишина и прекрасен поглед кон морската ширина
За они кои не сакаат да се гужват во прв ред на плажа, каде бучавата ви е постојан другар и каде метежот не ви го доловува вистинскиот мир и спокој кој секој од вас го заслужува додека е на одмор, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања може да најдете вила која ќе ви наполни батериите за цела година.

Апартманскиот комплекс се наоѓа на 1 километар оддалеченост од центарот на Полихроно. Од главниот пат кој води кон Ханиоти се скршнува десно по асфалтиран пат кој води дирекно во дворче опколено со елки, маслинки, лимони и кактуси. (точната локација можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ)

Уникатноста на објектот е тоа што нуди прекрасен поглед кон морската ширина и е опколен со прекрасна природа. Домаќините велат дека нивните гости имаат чувство на совршен мир и спокој дури и во најкомерцијалнот дел на кракот и во периодите на највисоката сезона.

Во дворчето на објектот има базен со поглед кон морето, како и децениски негувана вегетација. Апартманскиот комплекс располага со 12 единици за сместување од кои 6 студиа и 6 апармтани. Објектот се наоѓа на 500 метри оддалеченост од море или 20 минути одење пеш до плажа, на 1 километар е оддалечено од Полихроно и 4 километри од Ханиоти.
Повеќе информации,
фотографии како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.