15.10.2025

Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular

Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular

Кајак.мк секогаш ги лови новите локални херои кои заслужуваат поддршка и помош! Ние го користиме туризмот како алатка да им помогнеме на сите локални херои! Мораме да признаеме дека во 2025-та година во Македонија ни се случија многу лоши работи, но ова почитувани читатели, патувачи и следбеници, е еден позитивен момент кој треба да ни биде водилка за како да помагаме онаму каде што треба.


На 12 октомври Македонија го доби првиот тим билдинг со вистинска цел – помош за бездомните кучиња згрижени во новиот „Ранч за кучиња Кањон“ во Демир Капија, инспиративна приказна која ја отвори американката Трејси, која одлучува да се пресели во Македонија и да отпочне една ваква хумана мисија.

Овој настан не само што ја покажа силата на тимската работа, туку и човечноста која стои зад неа.

Овојпат, компанијата Singular, препознатлива по своите општествено одговорни активности, одлучи да го направи својот тим билдинг на поинаков начин – со донација од 350 килограми храна за бездомните кучиња кои живеат во ранчот. Но, тоа не беше сè: заедно со локален водич и неколку од кученцата, тимот на Singular ја реализираше првата тура со бездомни кучиња што некогаш се одржала во Македонија.


Каде хуманоста станува авантура

Нема ништо повозвишено од тим кој работи заедно за добро дело. Кајак.мк со овој настан отвора ново поглавје во концептот на тим билдинг – активности кои не градат само меѓучовечки односи, туку и подобар свет за сите живи суштества.

Ранчот Кањон моментално функционира без поддршка од државни институции или компании, па затоа оваа донација претставува првата директна помош што ја добил. Ова е само почеток на една инспиративна приказна во која веруваме дека ќе се вклучат многу други компании и групи кои сакаат да направат разлика.


Тим билдинг што менува животи

Доколку и вие сакате да бидете дел од ваков настан, запомнете: вистинската вредност на учеството не е во промоцијата, туку во искрената желба да се помогне.
Хуманоста не е маркетинг, туку избор – избор кој гради подобра заедница.

Благодарност

Голема благодарност до тимот на Singular што повторно покажа како изгледа вистинската општествена одговорност – креативно, авантуристички и со срце.
Со нив започнавме нешто ново. Со вас, ќе го продолжиме.

За оние групи/компании кои се заинтересирани за едно вакво искуство, отсега на Кајак.мк може да најдат опција за резервација на еднодневна авантура која како пакет може да вклучи организиран превоз, донација на храна и средства, дружење и обука за кучињата, тура со локален водич и кучиња, како и ручек во локална винарија по ранчот. Сите заинтересирани може да ни испратат барање со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.