16.03.2023

Организираме дегустација на првиот македонски крафт џин во Скопје

Организираме дегустација на првиот македонски крафт џин во Скопје

Покрај многуте тури и настани кои може да ги организирате преку Кајак.мк, од денеска листата „Things to Do in Skopje“ ја надополнуваме со уште едно уникатно ќоше за кое сме сигурни дека ќе ви ја промени перцепцијата за тоа во која насока се движи Македонија кога станува збор за производство на високо-квалитетен пијалак.

Преку оваа четиво ќе се потрудиме да ве прошетаме низ шармантно- миризливиот подрум на првиот македонски крафт џин направен по традиционална London Dry технологија, а кое го носи називот „SMIDGIN“.


За да имате убав ден и секако мирен сон, ние од тимот на Кајак.мк ви препорачуваме да го органзиирате вашето друштво пријатели или колеги од работа и да ја резервирате уникатната „The Smidgin Experience“ тура која преку секоја квалитетна голтка македонски џин ќе ви ја раскаже приказната за настанокот на дестилеријата и ќе ве запознаете со фактот за тоа колку Македонија е богата со плодови и растенија корисни за производство на квалитетен џин.


Со други зборови „The Smidgin Experience“ е идеално решение за приватни седенки на групи од 6 до 8 лица. Турата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.

Дестилеријата Смитџин се наоѓа во прекрасната зграда на МЦМ во Скопје. Во оваа зграда секојдневно се дистрибуира ново количество свежа македонска смрека и планински чај од Галичица. Покрај смреката и чајот, Македонија има уште 12 билки од различни краеви кои се комбинираат во процесот на производство на џинот.


Од самиот почеток SMIDGIN се фокусира да биде позната како мала-крафт џинотека, сместена на уникатна локација во центарот на Скопје, во сутеренот на МЦМ- која е историска куќа на фамилијата Рубен. Идејата да се отвори крафт џин дестилерија во Македонија доаѓа од големата љубов кон џинот и целокупното искуство на македонецот Иван Скендеровски и шкотланѓанецот Грем Лоутер. Тие двајца, заедно со огромна помош од нивниот мастер дистелер Милица Плетварска успеваат да го креираат оригиналниот рецепт на она кое денеска се нарекува SMIDGIN.


Доколку нѐ прашате нас што е тоа што го прави толку уникатен овој џин, ние ќе ви го одговриме следното: SMIDGIN има доста уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните смреки кои се продаваат како суви растенија на пазарот. Бобинките кои можете да ги почуствувате на своја кожа доколку ја посетите дестилеријата се бобинки кои растат диво ширум планините. Овде игра голема улога и планинскиот чај кој извонредно ја надополнува свежината на џинот и му даваат посебен карактер.


За тоа како правилно се пие џинот, со што можете да го комбинирате и како да го подготвите вашиот омилен коктел ќе можете да дознаете од најдобриот коктел мајстор Кристијан Ристески, кој за нас е професионалец кој навистина добро ја познава својата работа.

„The Smidgin Experience“ може да биде ваш настан кој би можел да ја замени класичната роденденска забава, колегијалната седенка или прославувањето на вашите успеси. Она што е уникатно во „The Smidgin Experience“ е самиот амбиент во кој се организираат настаните, свежата миризба на џинот и секако приватноста која ќе можете да ја уживате со вашите најблиски.

Доколку сакате да ни испратите барање за организирање на „The Smidgin Experience“, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.