19.08.2021
Тајно изолиран бунгалов во кој може да престојувате
Тајно изолиран бунгалов во кој може да престојувате
Дали некогаш сте размислувале да престојувате во Елешец? Сигурно
сте посакале да побегнете некаде каде ќе бидете опкружени со дрвца и зеленило и
да немате никакво соседство околу вас.
Она што нам не прави среќни е фактот дека во базата на Кајак.мк од денеска зрачи уште еден бунгалов кој осамено ѕирка од охридската прашума. Ова сместување се наоѓа недалеку од Охридското езеро што преставува уште еден совршен избор за поинакво летување.

Надворешниот изглед на вилата е дизајниран од дрво и камења,
а дворчето е опкружено со разни растенија.
Домаќинот Ристе кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека гостите се импресионирани од природата, чистиот воздух, зеленилата и интересниот изглед на градбата.

За гостите да бидат уште позадололни, домаќините им стојат на располагање да им подготват домашни охридски специјалитети, како што е уникатното ѓомлезе.

Викендицата Stone Hill се наоѓа на еден километар од селото
Елшани.
Елешец е извонредна почетна точка за планински прошетки или искачување по карпи во Националниот парк Галичица. Од друга страна, разгранетата мрежа од патеки, тесни селски улици и локални неоптоварени патишта се идеални за пешачење, трчање или велосипедизам, за луѓе од сите возрасти и степени на подготвеност.

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу
900 метри. Околни села се Пештани на
југ и Коњско на север.
Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии,
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.