20.03.2024

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде

Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот. Куќичката можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Замислете си место каде природата игра главна улога, наместо сообраќајот и каде во текот на летните ноќи уживате во дворчето гледајќи го ѕвезденото небо? Токму такво сместување од денеска можете да резервирате преку нашата платформа.

Оваа планинска куќичка се наоѓа во Суви Лаки, една од нашите омилени туристички дестинации прегратките на планината Огражден.


Со еден брачен кревет и кревет на развлекување во дневниот простор, оваа куќичка е перфектното место за сместување на еден пар или семејство со две мали деца.


Дневната соба, опремена со камин, нуди топла и удобна атмосфера за релаксација по долгиот ден на истражување на околината. Кујната ви овозможува да ги приготвите омилените јадења, додека терасата и дворот се идеални за уживање во мирот и спокојот на оваа идилична локација.


За оние кои не се по готвењето, во околината може да го посетат комплексот Бела Вода каде може да вкусат разни локални специјалитети.

Без Wi-Fi, ова место ви дава уникатна прилика да се одвоите од дигиталниот свет и да се поврзете со природата и луѓето околу вас. Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии или пак да испратите барање за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.