27.05.2021
Апартмани во Црна Гора: Идеални за туристи истражувачи и авантуристи
Апартмани во Црна Гора: Идеални за туристи истражувачи и авантуристи
Еј друштво, дали сте расположени да скокнете на еден викенд авантура во Црна Гора. Со отварањето на границите, тимот на Кајак.мк започна да ве запознава и со македонските домаќини кои имаат свое приватно сместување надвор од државата, а кое можете да го резервирате со еден клик на Кајак.мк
Фото: Savo Markovic
Денеска ве запознаваме со Орхидеја. Жената која има свое сместување во Ново Насеље во Црна Гора. За оние кои првпат слушаат за ова место, треба да имаат до знаење дека ова населба се наоѓа недалеку од Котор. Според местоположбата, предноста на ова сместување е местоположбата, бидејќи од една страна се наоѓа во близина на луксузниот град Луштица, а од друга страна пак во непосредна близина на недопрени диви плажи и уредени плажи со барови и ресторани кои се изолирани во боровата шума. Со ова сакаме да ви дадеме до знаење дека сместувањето е идеално за луѓе авантуристи кои сакаат да ја истражат Црна Гора, а особено регионот кај Котор и Тиват. 
Орхидеја вели дека сместувањето е на само 9 километри од старата тврдина во Котор која може да се посети. На 6 километри се наоѓа новата атракција и градот Порто Монтенегро, а на 15 километри се наоѓа ексклузивниот полуостров Св. Стефан.
За оние пак кои не се до толку авантуристи, треба да имаат до знаење дека првата песочна плажа е на 800 метри каде се наоѓа и ресторанот и бар Плаво Хоризонт, а на 1 километар се наоѓаат уште неколку песочни плажи кои се во непосредна близина на штотуку изградениот луксузен град Луштица.

За оние кои бараат возење со автомобил, треба да ја посетат и плажата Алмара која е на 2 километри. Орхидеја вели дека во непосредна близина на сместувањето има поголеми маркети и ресторани, а повеќе информации за местото гостите може да се консултираат со неа. 
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од сместувањето, цени и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.