11.08.2020
Во Преспа нема место за летување до 30 август
Во Преспа нема место за летување до 30 август
Преспа ова лето нема доволно места да го смести големиот број туристи кои бараат ноќевање. Затворените граници поради коронаворусот и ваучерите „Дома си е дома“ го наполнија преспанското крајбрежје со гости. Во хотелите, кои ги има едвај пет, сите соби им се резервирани две до три недели однапред. Скоро сѐ е пополнето и по бунгаловите, автокамповитите, а полуксузните вили и апартмани се зафатени до 30 август, пишува порталот сдк.мк
Ваква навала со туристи имаше во 1980-те години кога и Езерото не беше повлечено, а хотелите „Европа“, „Југославија“ во Отешево, одморалиштето „Мите Богоевски“ и другите бунгалови на државните претпријатија можеа да прифатат неколку пати повеќе туристи од сега.
„Интересот е голем, од лани доаѓаат многу повеќе туристи. Сѐ е резервирано две до три недели однапред. На почетокот на месецот беше скоро сѐ зафатено до 22 август. Сместувачки капацитети нема доволно“, ни рекоа од хотелот и ресорт „Лејквју“ во Отешево каде има 22 соби, од кои повеќето со поглед кон Преспанското Езеро.

Поради повлеченото Преспанско Езеро, на повеќето туристички места треба да се шета крај водата, а за капење треба да се изнајми пловен објект и да се оди во подлабокото каде водата е почиста и нема тиња или пак со возила да се патува по околните плажи. (Фото: СДК.МК)

Годинава Рибарско Село е целото обрасното во треви. (Фото: СДК.МК)
Извор на веста: sdk.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.