19.11.2023

Денеска се отвора рибникот Глобица: Нова гастро дестинација на Кајак.мк

Денеска се отвора рибникот Глобица: Нова гастро дестинација на Кајак.мк

Базата на Гастрономија ја збогатуваме со уште една прекрасна дестинација, за која веруваме дека на повеќето кои во моментов го читаат четивото не ви е добро позната локацијата.

Тимот на Кајак.мк ве води во општина Пробишип, каде на само 10 минути возење од градот ќе стигнете до атарот на поранешното историско село „Глобица“ кое денеска локалните жители го користат како излетничко место.


Патот до истоимениот ресторан е одличен за возење, а до Скопје до оваа локација вам ви е потребен еден час за да пристигнете со автомобил.

Рибниот ресторан е нов угостителски објект во кој можете да уживате на ручек или вечера со вашите блиски, а остатокот од денот да го поминете на прошетка во природа. Во рибникот ќе најдете доста специјалитети од риба, месни специјалитети и разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.


Фото: Petrovskyz

А за оние кои пак сакаат повеќе информации за тоа каде да го искористат своето слободно време, тимот на Кајак.мк ги информира дека недалеку од рибникот може да се посети селото Бунеш, каде што се наоѓа црквата Св. Илија. До црквата можете да дојдете преку исклучување од регионалниот пат 2232 и да ја поминете Злетовската Река.

Засега тимот на Кајк.мк е во исчекување на повеќе фотографии од рибникот, но за точната локација како и контакт телефон за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.