10.03.2022

Викендица во Маврово која честопати ја посетуваат елен и срна

Викендица во Маврово која честопати ја посетуваат елен и срна

Денеска ќе ве запознаеме со уште една прекрасна викендица која домаќините ја нарекуваат „Патека на елените“ поради фактот дека во самото дворче честопати поминуваат еден елен и срна, а нивните траги ги поттикнале да ја преименуваат ова сончева викендица по нивната невообичаена активност.


Домаќинката Оли вели дека викендицата се наоѓа на прекрасно место каде постојано ја грее сонце, опкружена е со прекрасна шума и нуди прекрасен поглед. Од самиот двор госите имаат поглед кон потопената црква и кон ски стазите.


Преку лето дворот и околината се доста зелени. Зеленото и тревно дворче има многу цвеќиња, кои при летен нежен ветер ја замирисуваат сета околина на лаванда. Домаќините додаваат дека вилата е во доста мирна и тивка област и поради таа причина животните овде се чуствуваат побезбедни и честопати знаат да поминат. Што се однесува до дивиот свет во националниот парк „Маврово“ домаќините се надеваат дека животни ќе има во се поголем број и дека ќе расте свеста кај народот за заштита на животинскиот свет.


За оние коишто сакаат да побегнат од градскиот сообраќај и сивилото на градот, Маврово е идеално место за одмор.

Викендицата е на два спрата. На првиот спрат има дневна, кујна и трпезарија како заеднички простор, две спални, во едната спална има брачен кревет, а во другата спална има кревет на развлекување, купатило и тераса.


Вториот спрат е поткровје кое е целосен отворен простор и има капацитет за 4 лица. Во него има брачен кревет и два единечни кревети. Во отворениот широк простор има дел кој се користи за дневен простор, а преграден дел со ново купатило и туш кабина.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.