07.09.2020

Предлог за 8-ми Септември: Лешница и преубавите водопади на Кривошијска Река

Предлог за 8-ми Септември: Лешница и преубавите водопади на Кривошијска Река

Патувачкиот агрегат Кајак.мк ви дава доста добар совет за тоа како активно да го поминете неработниот ден 8-ми Септември. Имено Сара Кајевиќ, девојката која обожава патување, пред само неколку денови на својот профил ја акцентираше убавината која ја има Лешница. 

Лешница — долина на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат. На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена, во нејзиното горно сливно и изворишно подрачје. Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1450 метри и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина.


Се одликува со изразит алпски крајолик и карактер, со високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, односно изобилува со иглолисна, букова и друга мешана шума, како и со богата ендемска флора и фауна која може да се најде само на ова место, особено до шумски плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија. На карпестиот предел помеѓу Долна и Горна Лешница постои голем и повремен водопад, кој е особено силен во пролетниот и летниот период. До долината Лешница може да се стигне од Попова Шапка и тоа преку 2 правци: преку Јелак и врвот Плат или преку Церипашина, а исто така може да се пристапи по патеки кои водат од селото Бозовце.


Лешница е многу посетена од планинарите особено од алпинистите и од планинските трчачи кои на Лешница имаат организирано вертикална трка на 1 километар, односно 1000 метри висинска разлика. Над шумскиот предел на Лешница постојат неколку бачила, а низ самата долина протекува малата Лешничка Река, која е десна притока на Пена.

Кривошијска Река е кратка (3,5 km) десна притока на реката Пена во еден од најубавите предели на Шар Планина, познат како Лешница. Реката тече речиси во меридијански правец од југ кон север. Поради големиот надолжен пад, долж течението на Кривошијска Река се јавуваат повеќе водопади и еден слап. Така, околу 1 km низводно од извориштето е првиот покарактеристичен водопад кој се нарекува Кривошијски водопад или Горно Цкало. На 30-тина метри низводно се долните четири водопади скалесто наредени еден под друг, чија вкупна височина е околу 30 m. 

Извори: Википедија, Идеографија и Сара Кајевиќ


Патувајте во Кумбургаз, Турција на море без PCR тест! Tермин од: 13.09-18.09! Инфо: 076 791 157

Во цената е вклучено:
Пет ноќевања во хотел 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
Користење на 3 бесплатни лежалки
Автобуски превоз со високотуристички автобус
Туристички придружник за време на целиот престој
Можност за доплата од само 30 евра за полупансион

 Целосна програма за Хотелот Diamond City ОВДЕ

Tрансфер од повеќе градови!
Можност за сопствен превоз и флексибилни термини со повеќе или помалку денови!


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.