29.04.2025

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

За првпат и ексклузивно на Кајак.мк ве информираме дека во Македонија започаа да се организираат уникатните тренд Fly Fishing Тури. Нешто што во Словенија и Хрватска е популарно движење кои ги заштитува реките и екосистемите, конечно го имаме и во Македонија.

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

„Без разлика дали ловите дива пастрмка во оддалечени планински реки или мирно фрлате мушица во кристално чисти води, ваквите fly fishing тури се креирани за сите – од почетници до искусни риболовци, велат организаторите.

Турата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Од Fly Fishing Macedonia велат дека ги познаваат скоро сите реки, сезоните и тајните места. Специјализирани се за креирање на индивидуални тури според вашите желби, ритам и страст, или како што велат тие кажете ни што сакате – и ќе ви подготвиме fly fishing авантура што совршено ви одговара.“

Тимот на Кајак.мк поразговара со Fish Flying Macedonia за тоа од каде ваквата идеја и иницијатива за организирање вакви тури во Македонија.


Од таму ни одговорија дека иницијативата за формирање првично доаѓаа од колективната запоставенонст и злоупотреба на нашите реки и леднички езера, кои ги има во изобилство, а се притоа едни од најзагрозените на балканот. Во последниве години сведочиме на големи реформи во останатите држави како Словенија, Хрватска, Босна и Црна Гора, кои успеваат да најдат начини да ги заштитат своите реки, а притоа екосистемите и биодиверзитетот околу истите. Во суштина, на ова се базира мотивацијата на Fly Fishing Macedonia за покренување на ваков клуб, кој не само што ќе нуди тури за риболов, туку ќе ја едуцира младата популација и ќе покрене иницијатива да се подигне свеста за нашите природни добра и можноста за нивно поефикасно користење.


Тимот на Fly Fishing Macedonia во моментов се состои од 5 лица, од кои 4 професионални риболовци (мушичари) и еден управител.

Луѓето кои ќе резервираат ваква атракција покрај тоа што имаат шанса да се запознаат со македонската природа, тие ќе се запознаат и со нашите ендемски подвидови на поточна пастрмка - brown trout (Salmo trutta). Ловот на истите претставува вистински предизвик, а притоа исклучиво го користиме принципот фати-пушти, односно сите фатени риби, по фотографирање се враќаат во вода.


Турите за почеток ќе се одвиваат на нашите реки и повеќето леднички езера, кои се се уште чисти и богати со рибен фонд. Генерално на територија на Македонија, а во иднина и на неколку притоки на Црн Дрим, во Албанија.

Доколку сакате да прочитате повеќе за тоа што е вклучено во турата и детали за организацијата кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.