11.05.2026
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Сите уникатни и ексклузивни места низ Македонија секогаш можете први да ги дознаете на Кајак.мк. Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава. Токму тука се наоѓаат модерните А-фрејм дрвени куќички, создадени за вистинско бегство од секојдневието.
Повеќе информации, фотографии и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Со својот панорамски стаклен поглед, топол ентериер и планинска атмосфера, куќичките нудат совршен баланс помеѓу комфор и природа. Секоја куќа располага со галерија со брачен кревет, дневен престој со софа на развлекување, комплетно опремена мини кујна, Wi-Fi, TV и двор од 800 м² кој нуди мир, приватност и простор за целосно уживање.
Она што ова место го прави уште поатрактивно е неговата локација. Во близина се наоѓаат планинарски и велосипедски патеки, патот до врвот Црн Камен, природни глечерски езера, како и можности за параглајдерство и зимски активности. Вевчани е оддалечено само 6 километри, додека Струга и Охридското Езеро се на кратко возење од вилите.

Овој планински рај е идеален избор за парови, семејства и сите оние кои сакаат викенд исполнет со чист воздух, неверојатни изгрејсонца и вистински мир. Ако барате место каде утрата започнуваат со поглед кон езеро, а вечерите завршуваат покрај огниште под ѕвездено небо, тогаш Горна Белица е вашата следна дестинација.
Повеќе информации, фотографии и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.