20.02.2025

Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?

Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?

Тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на пролетните активни дестинации на кои можете да поминете еден супер викенд со вашето семејство или блиски пријатели. Добитна комбинација за добар викенд на секој македонски турист е збир од три клучни фактори и тоа: Да има активности кои би му го исполниле денот, да има добра храна и да има добро сместување.

Ваква добитна комбинација има новото сместување кое од денеска го приклучуваме во нашата база на приватни сместувања, а кое се наоѓа во село Куклица, во околината на Кратово.

Сместувањето можете да го погледнете и резервирате со еден клик ОВДЕ.


Насловот во кој село Куклица го нарекуваме „Македонската Кападокија“ е со цел да ви потенцираме дека во Македонија има места кои треба да ги вреднуваме многу повеќе и да ги промовираме надвор од државата.


Нашата денешна цел е да ви докажеме дека еден викенд поминат во село Куклица, може да ви биде идеален за одмор. Зошто го велиме ова? Затоа што самиот регион има што да понуди. Почнувајќи од градот Кратово кој мора да го истражите бидејќи неговата приказна е поразлична од секој друг град во Македонија. Ние Кратово го нарекуваме музеј под отворено небо. Покрај Кратво, овде е и селото Куклица.


Во самото селце се наоѓаат „Камените Кукли“, Наоѓалиште заштитено како природна реткост. Низ целиот предел има околу 120 помали и околу 15 поголеми образби, што ја прави ова дестинација уникатна за истражување. На локалитетот секогаш ќе ве пречека локален жител кој ќе ви ја раскаже народната приказна за настанокот на куклите.


Самиот сместувачки објект за кој денеска зборуваме се наоѓа непосредно до локалитетот. Има пространо дворче во кое може да уживаат вашите деца, а кое е опколено со дрвца за лад преку лето.


Што се однесува до храната, во склоп на сместувањето има етно ресторан каде се приготвуваат вкусни традиционални специјалитети со локални намирници. Максималниот капацитет на сместување е за 12 лица, што ви овозможува да го договорите цело ваше друштво за една викенд авантура.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Дел од фотографиите се од Pop Photo Mk.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.