10.05.2025
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Тимот на Кајак.мк додава сместувања и ве води на места за кои сигурни сме дека многумина од вас првпат ќе слушнат! Денеска ве водиме во село Издеглавје, недалеку од „Славна Дебарца“ и на 750 метри надморска височина. Во ова селце имаме нова вила достпна за изнајмување за цело друштво, а идеална за со мали деца кои може да уживаат играјќи во пространиот двор.
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје – совршено место за одмор далеку од градската врева. Со пристапен пат, сместена во природна средина богата со реки, извори и шуми, оваа вила нуди мир, тишина и просторност за сите оние кои сакаат да избегаат од секојдневието.
| Доколку сакате повеќе информации за сместувањето кликнете ОВДЕ. |
Вилата располага со шест соби за спиење, дневна соба, целосно опремена кујна и купатило. Има вкупно петнаесет кревети, од кои единаесет се поединечни, а два се брачни. Просторот е функционално уреден за сместување до петнаесет лица, идеален за групни престои, семејни одмори, викенд дружења или поголеми собири.
На располагање е и голема летна бавча со зелена површина од 3.500 квадратни метри, каде што се наоѓаат скара, фурна, саќ за гомлезе, лонец за чорби и нишалки за деца.
За љубителите на кампување, во истиот простор е достапен дел за кампери, со можност за користење на кујна, тоалет и скара. Цената за кампинг престој изнесува 30 евра по возило.
Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.