27.05.2023
Засадени нови дрвца преку тим билдинг во регионот на Свети Николе
Засадени нови дрвца преку тим билдинг во регионот на Свети Николе
Почетокот на месец Мај го започнавме со уште една акција за пошумување во регионот на Свети Николе. Компанијата БтоБет засади нови 1000 стебла црн Бор во околината на село Стањевци, односно на предел кој беше уништен од масовните пожари кои избувнаа во регионот.

Тимот на Кајак.мк се радува што ја имаше можноста да се дружи со компанијата BtoBet која покрај акцијата за пошумување, даде дирекна поддршка на локалната економија во овој регион.

Денот ни започна со акција за пошумување во регионот на село Стањевци, а ни заврши во село Пишица каде што се наоѓа прекрасниот ресторан Амбиент.

Драго ни е што домаќините на ресотранот Амбиент ни овозможија да уживаме во вкусовите на локалната храна, нивните специјалитети, а покрај главниот ручек да можеме да го заокружиме денот со бургери и пикник под отворено небо.

За забавата да биде паметена се погрижи Петар Малинов кој воедно го обележа својот роденден заедно со нас и кој ни приреди шоу кое ќе го паметиме. Од забавни тим-билдинг игри, Art and Craft работилница, ладно пиво, засадени дрвца и вкусна скара, ваквите еднодневни настани во природа нѐ прават посреќни луѓе кои имаат побогати знаења за нови места во Македонија.

BtoBet ви благодариме што сте активни во природа. За компанијата можете да прочитате повеќе
со еден клик ОВДЕ, а повеќе фотографии од настанот можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.