14.03.2023
Отворивме мала семејна дестилерија во Пепелиште која се стреми за големи предизвици
Отворивме мала семејна дестилерија во Пепелиште која се стреми за големи предизвици
Оние кои редовно нѐ читаат, веќе знаат дека село Пепелиште е дестинација на која се почесто никнуваат нови семејни мали винарии
и дeстилерии.
Денеска тимот на Кајак.мк ќе ве запознае со приказната на Димче Наумов, човекот кој во 2022-ра година ја основа дeстилеријата Енох, а веќе во 2023-та година ја основа и винаријата под истиот назив.

Димче ни раскажува дека семејна традиција во печење ракија во неговото семејство датира од далечната 1972 година, кога неговиот дедо започнува со кроењето на лозовата приказна. По неговиот дедо, аманетото го наследува неговиот татко, а денеска Димче е тој кој ја продолжува приказната.
Ракијата на Димче од дестилерија Енох можете да ја нарачате со еден клик ОВДЕ.

„Кај нас отсекогаш имало строг принцип во печењето ракија.
Таа мора да биде чиста и природна лозова ракија и да биде природно обоена со
дрвца и коскести плодови. Никогаш
не би помислиле да користиме вештачки ароми и бои“, вели Димче и додава дека сето
ова го забележуваат многу нивни редовни муштерии.
Некаде во 2018-та година ги наследува лозовите насади и започнува самостојно да пече ракија. Ракијата се произведува исклучиво од лозовите насади на семејството Наумови, а причината поради која започнале да печат ракија во поголеми количини бил слабиот откуп на грозјето, но и успесите кои ги стекнале на неколку натпреварувања.

На самиот почеток, кога Димче ги наследува лозовите насади, започнал да произведува неколку видови препечена ракија, која при постојаното дегустирање со тек на време, сфатил дека колку подолго созрева, така вкусот, бојата и аромите станувале се поимпресивни. Со тоа Димче одлучува да испрати своја ракија на оценување на еден натпревар, каде на негово пријатно изненадување освојува златен медал. Ваквата награда го поттикнува да испрати ракија во Србија на голем интернационален натпревар, каде повторно освојува златен медал во жестока конкуренција. Успехот за Димче било главен мотив да отвори своја дeстилерија.

„Друг значаен мотив кај мене е што имам порив, покрај многуте сквернавења кои се прават на ракијата од страна на производителите кои само сакаат да продадат литража, јас сакам да му понудам на крајниот конзумент чиста ракија со природни ароми. Секогаш кога ќе им испратам ракија на моите клиенти, нивните реакции биле секогаш позитивни. Ваквите коментари нас не поттикнуваат да се вложиме во квалитетот“, вели Димче.

Од 2018 до 2022 година работеле на повеќе видови препек
ракија. Некои ги зрееле во дабови буриња, а работеле и на златно наградениот
препек кој зрее со неколку типови на дрвца, а кој е стар семеен рецепт кој таткото на Димче го развивал во текот на годините.
Димче вели дека очекуваат многу одлични ракии, многу награди и златни медали со задоволни муштерии.

Заедно со дестилеријата, се основа и се развива и винаријата Енох. Вино го произведуваат на исто така стар и домашен начин, без технологија. Димче вели дека за среќа успеваат да напрват убаво вино. Годинава за првпат имале успешно производство на Шардоне од сопствен лозов насад кое е лесно вино и може да се конзумира во разни количини.

Димче се стреми во иднина да произведуваат поголема количина на Шардоне, црвено Мерло и бело Р'кацители вино, кои сите ќе бидат од сопствени насади. Работиме на тоа да направат и катче за дегустација, во една стара просторија, ѕидана од камен за кое се надеваат дека ќе го постигнат во блиска иднина.

Лозовите насади на Енох се наоѓаат во село Пепелиште,
Неготинско, каде се наоѓа и дестилеријата и винаријата, каде и се одвиваат
работите. Објект за дегустација имаат во централното подрачје на градот
Кавадарци на ул. Иљо Костов бр. 4
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.