10.11.2021
Продолжив да ја хранам душата на винаријата на татко ми
Продолжив да ја хранам душата на винаријата на татко ми
Гевгелија е меѓу нашите омилени краеви кога станува збор за добра чаша вино, преточена преку уникатните приказни на локалните херои кои ја збогатуваат нашата листа.

Денеска ќе ја раскажеме приказната на Венера Гелебешева Крстиќ која по професија е енолог, а од денеска ја има на нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Венера дипломира
на Земјоделскиот факултет во Скопје и целиот свој живот го посветува на
лозарството и овоштарството кое за неа е животна пасија, љубов и начин на
живеење.
Работи како енолог околу 20 години. Низ кариерата имала ангажман во неколку познати винарии, за на крајот да заврши во своја сопствена винарија која на гевгеличани им е позната како „Јостела“.

Винаријата
„Јостела“ се наоѓа на патот кон ски ценарот Кожуф, а пред винаријата се распостелени
фамилијарните лозови насади од кои се произедуваат познатите црвени вина.
Пасијата кон лозарството и виното не е само кај Венера. Имено, нејзиниот татко кој исто така е енолог, одлучил да отвори своја сопствена винарија во која ќе го произведува виното, за кое како што вели ќе ги пробуди сите сетила на луѓето кои се заљубени овој боженствен пијалок.

Винаријата Јостела постои од 2005-та година, кога нејзиниот татко ја отвара како свое хоби, без да очекува дека еден ден таа ќе прерасне во фамилијарен бизнис. Со неговото пензионирање, конците ги презема неговата ќерка која заедно со нејзиниот син се грижат за работата на винаријата.

Јостела е препознатлива
пред се по црвените вина и секако по розе од кабарне франк, кое е најпознато и
најпродавано вино.
Гостите кои ја посетуваат винаријата се претежно станци кои се во потрага по мали и уникатни винарии, а имаат и купувачи кои го бараат исклучиво нивното вино.

Венера е среќна
што нејзината винарија може да обезбеди и сезонска работа за локалното
население, како во делот на лозарството така и во производството на виното.
Ова мала семејна винарија има стремежи да расте и да се развива. Во моментот виното го продаваат во винаријата и преку достава, а наскоро ќе биде достапно и во Скопје.
Контакт и локација за винаријата може да најдете во нашата категорија „ГАСТРОНОМИЈА“ или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.