22.10.2020
Предлози за активен одмор на Маврово во октомври и ноември
Предлози за активен одмор на Маврово во октомври и ноември
Октомври и ноевмри имаме доста суви и сончеви денови. Доколку веќе имате во план да патувате на Маврово, еве неколку предлози кои можете да ги искористите на LAST MINUTE за ова веќе затворена летна сезона. Сезоната со ски центрите (на Кајак) ќе ја отвориме за некоја недела, а дотогаш бидете активни во слободно време.
Идејата за сончевите денови ја добивме од кавер фотографијата на @travel_and_discover_macedonia.
Еве 4 предлози од нас:

Лесни планинарски еднодневни тури. Одлична повеќенаменска патека над селото Леуново. Ги задоволува апетите на сите посетители, од рековалесценти и лесни рекреативци до спортски ориентирани рекреативци и и спортисти на подготовки, како и возачи на планински велосипеди. Всушност тоа е шумско технички пат кој може да се користи во текот на целата година. Од Април до Ноември патот е сув и е добар за пешачење, трчање и планински велосипедизам, а од Декември до Март може да се користи за турно и нордијско скијање. Патот е маркиран, и заради тоа што станува збор за шумско технички пат, ориентацијата воопшто не е проблем. 
Запознајте го Александар од Маврово. Изминатиот период во груптата на Кајак.мк „Туризам во Македонија“ се споделуваа многу фотографии од јавење коњи. Одговорноста за дел од фотографиите ја презема Александар кој со години наназад организира тури во мавровскиот предел каде освен јавењето покрај мавровското езеро, тој своите групи ги води и низ густите шумски предели. Наша препорака е да ги искористите последните топли денови од месец октомври и почетокот на ноември. Турата на Александар и контакт од него може да најдете ОВДЕ.

Ѓорѓи Митревски е скопјанец кој со својата „Лада Нива“ која работи на плин и не ја загадува околината организира еднодневни „Off Road тури“ низ прекрасните планински предели на Бистра, Шара и Кораб. Турата започнува од Маврови Анови каде гостите може да бидат сместени во неговата „Forest“ вила за која пишувавме пред некој ден. Потоа возејќи по патот кон Галичник, на Царевец се скршнува над скијачките терени, па се продолжува по планински пат преку бескрајните пасишта на Бистра. Неговата тура можете да ја погледнете ОВДЕ. 
Велосипедизам. Ако имате ваш велосипед понесете го со вас, а ако пак немате, можете да изнајмите од Скопје. ПВК Оксижен изнајмува повеќе врсти на велосипеди (крос кантри, спуст/ендуро, градски) кои се користат за велосипедски активен одмор. Локација на подигање и враќање на велосипедите е Скопје а најкраток период за изнајмување е еден ден. Цената на изнајмување зависи од моделот на велосипедот како и од време траењето на изнајмувањето. Контакт за повеќе информации: 078415058
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола
Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.