06.04.2020

Социјалното дистанцирање е привилегија во некои земји како Индија

Социјалното дистанцирање е привилегија во некои земји како Индија

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Индија има голема улога во контролата на пандемијата бидејќи е дом на една шестина од светското население, но социјалното растојание е скоро невозможно за најсиромашните пренатрупани населени места во руралните и урбаните области во земјата, пишува Нова Македонија. 


Annie Spratt

Сепак, додека властите на Њу Делхи се мислеа дали да преземат построги мерки во однос на ограничувањето за движење на граѓаните, постојат стравувања дека веќе е доцна за оваа превентивна мерка и дека премногу од сиромашните и бездомниците во земјата ќе бидат изложени на отворено, пишува магазинот „Форинполиси“. Според магазинот, повикувајќи се на податоци од СЗО, од 11 март досега на ниво на цела земја, Индија има тестирано помалку од 30.000 лица, што претставува една од најниските стапки на тестирање во светот.


Prashanth Pinha

Раманан Лакминџарајан, водечки експерт за јавно здравје и директор на американскиот центар за динамика на болести, економија и политика, вели дека неговите проекции говорат дека Индија ќе го достигне врвот на пандемијата, најверојатно, кон крајот на април или почетокот на мај и тогаш во земјата ќе бидат потребни најмалку еден милион кревети за оние лица што ќе завршат на одделенијата за интензивна нега. Според него, во тој моментот може да се случи катастрофа во земјата имајќи предвид дека Индија сега располага единствено со 0,5 болнички кревети на 1.000 лица. Како што објаснува експертот Лакминџарајан, Италија во споредба со Индија има шест пати повеќе болнички кревети и троши само 3,7 проценти од БДП за здравството.


Извор: https://www.novamakedonija.com.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.