26.07.2023

Во Македонија постои вистинскиот рај за храна и го носи името „Пирустија Неданоски“

Во Македонија постои вистинскиот рај за храна и го носи името „Пирустија Неданоски“

Не ви е потребно многу ако на вашата листа на дестинации го имате селското домаќинство „Пирустија Неданоски“. Тимот на Кајак.мк како актрактивна дестинација на која ќе можете да уживате под приватна сенка го акцентира ова прекрасно дворче кое се наоѓа на скоро 1000 метри надморска височина и има прекрасен поглед кон Охридското езеро.


Нашиот тим викендот ја посети Наташа и нејзиното семејство кои нè пречека со насмевка и ни приредија едно вистинско гастрономско искуство кое не би можеле да го добиете на друго место. Домашно подготвена храна од локален зеленчук, локално сирење, домашно месо и вкусен подготвен комат на пирустија за кој се потрудивме самите ние.


Домаќинството „Пирустија Неданоски“ е место каде можете да резервирате приватен ручек со вашите најблиски, а исто така е иделна дестинација за тим-билдинг. Честопати ваквите ручеци се претвараат во часови за готвење, преку кои Наташа ги едуцира гостите како самите да подготват локални специјалитети.


Домаќинството наоѓа во село Рамне до каде можете да се стигне со комбе или автомобил. Околината е толку тивка и смирена, што за миг ќе ве опушти и ќе ве поттикне да се вратите повторно. Овде ручекот се подготвува на традиционален начин. Наташа користи доста алатки од нејзината баба, како би можела да ја зачува автентичноста, а преку подготовката на храната да ни ја раскаже приказната за традицијата на едно јадење.


Верувале или не, секој кој бил овде уживал во секој закал. Затоа не размислувајте дали да го организирате вашето друштво или семејство и да резервирате едно вакво поразлично искуство во домот на Наташа.


Контакт телефон за резервации и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Vasil Teodosievski

    03.08.2023 11:01

    Za pozdravuvanje ! Bravo !!!!

  • Пецо Петровски

    30.07.2023 23:02

    Ви го препорачуваме да го посетите и да ги вкусите специјалитетите од домашната храна подготвена од страна на вредните раце на домаќините од Пирустија Недановски,Охрид

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.