05.05.2020

Сезоната во Црна Гора започнува на 18-ти мај

Сезоната во Црна Гора започнува на 18-ти мај

Плажите на црногорскиот брег може да се отворат на 18-ти мај, но за тоа ќе се подготви  посбен пакет мерки во соработка со Институтот за јавно здравје за да се обезбеди на гостите здравствена сигурност, пишува Вечер. 

Сезоната за пливање официјално започнува на 1 мај, и тоа е така со години, а а надлежните за оваа година најавуваат дека тоа може да се случи на 18 мај.


ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА:  Патувањата во летните месеци ќе се координираат со соседните земји


- Доколку се потврди овој рок, реални очекувања се дека плажите ќе бидат целосно оперативни најдоцна до 1 јуни - рече  Предраг Јелушиќ, директор на „Морски добра“ на Црна Гора.

Тој додава дека имаат изработено збир на мерки за да се обезбеди почитување на социјалната дистанца.


Orkhan Farmanli

Областа на плажата ќе треба да биде организирана на таков начин што ќе има соодветно растојание помеѓу капачите (или група на капачи, како што е семејство) кое ќе биде јасно видливо.

Ќе има ограничен број на истовремени капачи во врска со капацитетот на областа на плажата, мерки за одржување чистота и хигиена, мерки во врска со угостителството и други услуги, мерки во врска со организирање на забави, рекреативни и спортски активности на местата за капење.

Водата ќе се проверува на секои десет дена во јули и август.

Јелушиќ истакна дека водата ќе се контролира почесто и на повеќе локации отколку во претходните години, заради ситуацијата со коронавирусотзаради безбедноста на здравјето на капачите.

Извор: vecer.mk


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.