16.11.2020

Вила на Пониква идеална за сонување!

Вила на Пониква идеална за сонување!

Тимот на Кајак.мк изминатиот период промовираше доста сместувачки капацитети во регионот на Пониква, каде интересот за престој е доста голем. Како што и нам не информираат патниците, така и пренесуваме, а од најновите информации кои ги дознаваме, пределот во областа на Пашаџиково е доста атрактивен поради здравиот и чист воздух и поради природната бања. Вилата се наоѓа на 1250 метри надморска височина. Има летниковец, а греењето е на дрва. Надвор има скара достапна на гостите. Веднаш до ресторан „Осоговска Куќа“.

Во овој предел расте дрвото „Ариш“ кое е доста специфично листопадно дрво, а поради кое растени голем број на доктори се одлучуваат својот одмор да го поминат на Осогово.
Денеска ве запознаваме со вила „Рашков“ која има капацитет за од 6 до 8 лица. Како што не информираат сопственците на вилата, во нејзе најдобро е да бидат сместени 6 лица, поради идеалната комоција и приватност.

Вилата има четири спални соби, дневен престој, кујна и бања. Идиличен планински амбиент, со комплетни услови за престој на различни генерации. 

Патот до вилата е асфалт, со мал дел од исклучувањето земјен пат кој му дава автентичност на пределот. Клучевите за вилата се подигаат во Кочани, но во зависност од договорот и периодот може да се подигнат во вилата. 

Доколку се одлучите за подолг временски престој, сопственците ви вршат промена на постелнините. Пониква има 16 километарски долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”. Скијачките терени во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.

Повеќе фотографии од внатрешноста на вилата и информации за резервирање на вила „Рашков“ можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.