05.09.2022

Се преселивме од село Бохула во село Марена каде изградивме наша винарија

Се преселивме од село Бохула во село Марена каде изградивме наша винарија

Во светот на Кајак.мк ќе наидете на еден куп мали семејни винарии, кои за разлика од дел од останатите промотори, тимот на Кајак.мк им дава подеднакво значење. За нас секоја мала винарија заслужува да биде видена, доживеана и испромовирана. Како што велат наши вински познавачи, големите винарии во Македонија се промотерите и амбасадорите на Македонија низ светот, но малите винарии се душата на македонското вино.


Денеска сме среќни што нашата база „Гастрономија“ ја надополнуваме со уште една мала семејна винарија која е сконцентрирана во прекрасното тиквешко селце Марена.


Тимот на Кајак.мк разговараше со господинот Сашко, човекот кој ни ги отвори вратите од својата винарија и му посака добредојде на нашиот свет. Сашко ни ја раскажа приказната за настанокот на винаријата, односно патот по кој чекорело неговото семејство.


По потекло се од Бохула, село кое се наоѓа од десната страна на реката Бошава и на надморска височина од 900 метри. На своја 6 годишна возраст, неговиот татко Душко заедно со својата фамилија се доселува во село Марена каде гради куќа и започнува нов живот. По 30 години работа со лозарство, Душко одлучува својата селска куќа во Марена да ја преуреди во мала винарија каде ќе го одгледува и преработува грозјето. Со промената на законот за винарии, денеска винаријата „Ерос“ е регистрирана мала семејна винарија.


За семејна винарија се грижи Сашко и Душко, кои се одлична комбинација од татко и син или комбинација од долгодишно искуство и желба за експериментирање. Винаријата „Ерос“ има дострел од 12.000 литри вино во текот на една година.


Еден дел од лозовите насади се во сопственост на фамилијата на Сашко и се органски, а другиот дел се изнајмени. Сите ги одгледуваат и преработуваат на ист начин. За Сашко најважно е да го зачуваат и подобрат биодиверзитетот. Тој вели дека не ги третираат плевелите, тие се во симбиоза со лозата, што придонесува за зголемен број на инсекти и микроорганизми во почвата, а богата почва е здрава почва, со тоа и здрав производ.


Официјално започнуваат со работа од 2005-та година, а претходно произведувале вино за домашни потреби.

Денеска винаријата „Ерос“ е горда на својата палета која е составена од 10 вина и тоа „Stellar темјаника“, „П'на месечина мускат отонел“ и „Пилигрим совињон бел“, која берба се одвива навечер. Овде се и „Талисман Жилавка“, „Шардоне суво и полуслатко“, „Ева Бела Станушина„ „Розе Ева Станушина“ и „Адама Црвена Станушина„, како и „Вранец со 16.5% алкохол“. Начинот на производство е со минимални интервенции, а секое вино е со свој белег.


Во производството Сашко е заедно со неговиот татко што за него е одлична комбинација од стара школа и желба за експериментирање.

Сашко вели дека секој кој е заинтересиран за несекојдневна винска прошетка е добредојден.

Доколку сакате контакт од винаријата, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.