24.04.2023
Прекрасната дрвена вила со панорамски поглед кон Охрид е подготвена за новата сезона
Прекрасната дрвена вила со панорамски поглед кон Охрид е подготвена за новата сезона
Нашата уникатна вила „Cityview Ohrid“ се обновува и проширува со нов дополнителен сместувачки капацитет. Сместувањето е идеално за луѓе кои сакаат да уживат во прекрасниот поглед на градот Охрид и езерската ширина.

Апартманите се наоѓаат на падините на Националниот парк Галичица кон с. Рамне, на 900 метри надморска височина.Толку мирно, планина, фантастична панорама на Охрид и Охридското езеро од 900 м.н.в, а сепак на само 4 километри до центарот на Охрид. Исто така, тука ќе имате можност да уживате во погледот на најубавите зајдисонца во текот на целата година. Вилата Cityview располага со три апартмани, еден двособен на приземје и два еднособни на прв кат. двособниот е опремен со еден дупли кревет и два лежаи на пуштање, еднособните се со француски лежај и двоседи на пуштање.

Апартманите Cityview се опкружени со природата на НП Галичица,одалечени само 4 км од центарот на градот, нудат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското езеро, со можност за тишина и релаксација каква што заслужувате. Внатрешноста ќе ве изненади, а исто така и фактот дека ова куќичка е Pet-friendly. Апартманите имаат дневна соба, опремена мини кујна, спална соба, бања, тераса со поглед и паркинг простор. Опремени се со инвертери, телевизори, Wi-Fi, кабловска и огромен двор во кој има базен кој може да се користи во летниот период, дополнето со скара на дрва.

Во близина на апартманите де наоѓа село Рамне, каде што е изградена втората хидроцентрала во Македонија, која гункц и ден денес со мал капацитет. Селото Рамне е познато по тоа што тука е напишан познатиот Болоњски (Рамненски) псалтир , во 9 век кој денес се наоѓа во Болоња.
Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.