11.05.2021
Млади локални херои кои му дават свежина на туризмот во Охрид
Млади локални херои кои му дават свежина на туризмот во Охрид
Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и потребата да прошетаме
по крајбрежјето на Охридското езеро и да запознаеме нови млади луѓе кои прават
мали нешта од огромно значење во развојот на локалниот туризам.
Охрид е идеален за активен туризам во текот на цело лето. Од кајакарење, СУП даски, пловење со кајчиња или едрилица па се до параглајдинг над езерото.
Денеска ве запознаваме со Бобан и Крсте. Млади охриѓани кои имаат две различни приказни, но со исто значење. И едната и другата се наменети да го поттикнат развојот на туризмот.
Охриѓанецот Бобан Наумовски е познат како младиот „морнар“. Тој од неодамна организира тури со неговото автентично охридско кајче. Втората приказна е за Крсте Симоноски кој престојната сезона ја започнува со организирање на тури со СУП даски. За Бобан и Крсте, најважно од се е туристите да го доживеат езерото на начин на кој тие го доживуваат.
Бобан за Кајак.мк раскажува дека се започнало на изворите кај Св. Наум каде четири години по ред работел на тури со кајче. Тој е првиот во семејството кој се одлучил на бизнис во вода.
Го засакал кајчето од првиот ден кога неговиот дедо го одвел на риболов и пливање. Се до денес, Бобан вели дека поголемиот дел од времето го поминал во вода.
Неодамна се одлучил да купи свое кајче и да отпочне со
реализирање на тури во Охридското езеро. Турите честопати му се исполнети од млади луѓе кои уживаат во добрата музика и во прекрасниот поглед.
Бобан е лиценциран водич кој воедно организира тури во градот. Тој вели дека странските туристи се импресионирани од градот и дека најмногу ги интересира традиционалната храна како што е рибата, ѓомлезето, кебапите, ајварот, макалото со лук, грав, сарма и друго. Честопати прашувале за изработката на охридскиот бисер и начинот на неговото настанување.
Бобан ја создал својата фејсбук страница именувана како „Blue Eye Crusing“ каде споделува
информации и фотографии од неговите тури.
Вториот човек кој има подеднакво значење за нас е Крсте Симоноски. Ова ќе биде неговата прва сезона во организирање тури на СУП даски во Охрид. Неговиот клуб е именуван како Standuppaddlemk кој може да го заследите на социјалните мрежи, а со кој клуб се надева дека ќе изгради голем успех.
Според него има многу убавини кои се непознати за туристите, а кои може да се доловат исклучиво од езерската страна. Се со цел да им ја доловат вистинската страна на езерото, Крсте вели дека одлучиле да набават повеќе суп даски и да им понудат на туристите нешто што досега не беше атрактивно во Македонија.
Она кое најмногу ги интересира туристите е областа кај црквата св. Заум која е изградена некаде на почеток на XIII век, како и изворот Тушима кој доаѓа од Преспанското езеро, вели тој.
Заедно со неговиот тим организираат тури покрај прекрасните диви плажи кај населбата Надол, позната како Заливот на Прчот, големиот камен во езерото "Стог", близните камења и зливот на коските.
За Крсте, покрај Охридското езеро, идеални места за СУП
авантури се Преспанското и Дојранското езеро. Но, неминовни локации ги
истакнува и езерото Козјак, Матка и
Беровското езеро.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.