23.07.2020

Koe e совршеното море за Вас?

Koe e совршеното море за Вас?

Пишува девојката која на инстаграм можете да ја најдете под @maltezerka1

Кога би Ви рекла одмор, авион, патување...која е првата работа што Ви доаѓа напамет? Ако Ви речам дружење со нови интересни лица? Замижете и обидете се да ја создадете совршената слика кога ќе Ви спомнам солена морска вода, многу незаменливи возбудливи вечери созајди сонце, додека пиете некој освежителен коктел на некоја од познатите тренд плажи по светот.

Дали Ви доаѓа желба да го сторите тоа, да замислите дека сте таму, и Ви иде во истиот момент да ги спакувате торбите и да ги вкрстите желбите со реалноста, да заминете кон дестинациите од Вашата бакет листа?


Патувањето на морего крева Вашиот кортизол, така си посреќени ти помага за миг да заборавиш на нервозата, секојдневните проблеми, особено во деновиве и месециве поминати дома, во карантин.

Денеска, кога светот почнуваат да се враќа пополека во нормала, државите да се ослободуваат од локалните карантини и мерки, кога границите се отвараат, најголем број луѓе имаат потреба да се вратат на своите стари навики, односно да патуваат низ светот, особено во овие жешки јулски денови вокоисите од нассонуваат за море.

2-ри Август во Валона!

Но, тоа не значи дека треба да останете дома, кога сепак можете  да ја истражувате сопствената земја, мислам дека и тука ќе го најдете морето кое е само Ваше особено во оваа пандемија, нема подобро време да започнете со истражување на сопствениот крај, сопствената земја и сопственото море.


Со патувањето низ сопствената земја,  повторно ќе се навратиме во светот од каде што потекнуваме, на нашите корени, можеби од ова брзотемпо на живеење сме заборавиле од каде доаѓаме. Започнувајќи со истражување на сопствената историја, култура па се до нашата прекрасна природа, ќе ја зголемиме поддршка за локалните бизниси која е неминовно непроценлива за заживување на локалните економии. Значи, ако сакате да патувате низ светот, или да одите на море по COVID-19, најдобро место за почеток е дома, во својата земја.

Едноднево капење во Охрид

Месециве наназад се убедив во едно нешто.  Не мора ама баш секогаш  да се качиме во авион за да отпатуваме некаде. Премногу често се навикнуваме да сонуваме за далечни земји и да заборавиме на сите прекрасни авантури што ги нуди нашата сопствена земја. Секоја земја е исполнета со свои природни богатства, историски места, културни традиции и вкусна кујна. И само чека да се открие од вас. Ке видите дека има нешто дополнително наградувачко за истражувањето на нашата земја. Не само што веројатно ќе бидете изненадени од сите богатства што се наоѓаат пред нашиот нос, туку ќе се најдете и за поголема врска со вашата локална историја, култура и заедници.


Комуницирајќи со луѓето кои имав чест да ги запознам на моите долгогодишни патувања низ земјава, најдов нова страст за животот. Успеав да се убедам да патувам дури и во моменти кога не се чувствував баш најдобро. Сето тоа ми донесе поттик да продолжам со уште поголем ентузијазам да истражувам, ми даде цел и ме направи силна, независна жена.

Знам дека луѓето, генерално, не се предодредени да бидат врзани за едно место во својот живот. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.