15.11.2022
Предлог гастро викенд дестинација: Кај Спиро
Предлог гастро викенд дестинација: Кај Спиро
Можеби дел од вас
се уште не слушнале, а ниту пак ја имаат вкусено „Кратовската Пастрмајка“.
Затоа тимот на Кајак.мк, за викендо кој ни престои ви предлага да го посетите
Кратово и да ја посетите гостилницата „Кај Спиро“ која од денеска е дел од
нашата база на Гастрономија.
Базата на Кајак.мк секојдневно се надополнува со нови предлог дестинации на кои можете да вкусите уникатни локални и домашни специјалитети познати за својот крај.

Денеска, ве
запознаваме со гостилницата „Кај Спиро“ која за локалните жители е доста добро
позната, пред се поради 10 годишното постоење, а исто така и поради вкусната
храна која ја подготвуваат.
Она кое го прави местото уникатно е самата локација. Гостилницата се наоѓа во прекрасен дел, каде имате поглед кон градот, а исто така опколени сте со пет вековните борови кои се вистинска атракција.

За оние кои сакаат физички активности и уживање во природа, треба да знаат дека самата околина го нуди тоа. Покрај тоа што има паркинг до самиот ресторан, наоколу се наоѓаат и автентични стари скали кои ве водат низ живописната борова шума.

Што се однесува до храната, домаќините ја негуваат традицијата на кратовските специјалитети. Овде можете да пробате се од автентичната кујна на овој крај, како што се прочуените макала, сирењата, селските тви и секако прочуената кратовска пастрмајка, за кој специјалитет кратовчани се доста горди.

Доколку сакате да
погледнете повеќе фотографии, точна локација и контакт за резервација, кликнете
ОВДЕ.
Коментари
-
Marija Davceva
16.11.2022 12:49
Osven sto imate rgjosani solarnici so koi gi odbivate klientite i nikakva angaziranost da go sredite mestoto… Kratovo e preubavo .. toj zatvoren plasticen del samo go unistuva pogledot … i stolcinjava od pred 200 godini … sramota e
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.