27.11.2021

Се одлучив да произведувам рачно и уникатно, тоа го ценат луѓето со животен стил

Се одлучив да произведувам рачно и уникатно, тоа го ценат луѓето со животен стил

Кога ќе поминете преку Битола или пак кога ќе престојувате на Пелистер во некоја од вилите кои ги има на Кајак.мк, наш совет е да скршнете во битолскиот „Мал Безистен“ каде ќе ја најдете занаетчиската работилница и ателје на Надица. Девојката која од денеска е дел од нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.


Надица е битолчанка, а за себе вели дека е нетрпелив оптимист кој има оригинални идеи. Се одлучила да се посвети на креативноста, а главен акцент да и биде модата, која ќе ја пропагира на свој уникатен начин.


Големата желба и е главната мотивација да отвори свое ателје кое го именува како „Креација“, а за кое катче вели дека ѝ помага да биде своја и да твори на начин на кој таа сака. Сите производи ги изработува рачно, а за нив вели дека се единствени и уникатни. Има изработено повеќе колекции на накит, а секоја колекција си има своја приказна од моментот на инспирацијата.


На пример, Надица вели дека колекцијата „Златен век“ е инспирирана од Македонското културно наследство, од златото на Лихнитида, а најновата колекција „Танго“ е инспирирана од разни видови танци.

Безистенот во Битола е место кое ќе ве врати низ историјата, а во таков стил е и ентериерот на нејзиното ателје. Место кое ја инспирира и ја поттикнува да биде креативна.


Вели дека во нејзиното ателје има место за секого кој сака да научи како се произведува рачен накит. Секој кој е заљубен во уметноста е добредојден овде, бидејќи како што вели таа, уметноста е емоција која се пренесува и рефлектира.

Нејзините производи може да ги најдете и на фејсбук страницата: kreacijajewelry

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.