18.03.2020
Димитров апелира да не се патува: Не гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома
Димитров апелира да не се патува: Не гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома
Појавата на Ковид-19 коронавирусот предизвика затворање на аеродроми и промени на граничните режими низ светот. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, синоќа повторно упати апел до граѓаните да се воздржат од патувања во странство. Истакна дека од завчера на пладне до вчера наутро, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1331.
Димитров истакна дека состојбата е алармантната насекаде и предупреди на проблеми со кои граѓаните може да се сретнат при патувањата.
„Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа. Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска … Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние не ги контролираме границите на други држави“, апелира Димитров.
„Во услови на ваква огромна глобална криза предизвикана од пандемијата на вирусот, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале“, истакна тој.
Согласно владината одлука, од ноќеска на полноќ со работа прекинува аеродромот во Скопје. Оваа доаѓа откако пред три дена беше затворен и аеродромот во Охрид, како дел од мерките за превензија од коронавирусот.
Извор: https://www.radiomof.mk/dimitrov-apelira-da-ne-se-patuva-ne-garantirame-deka-kje-mozhete-da-si-dojdete-doma/?fbclid=IwAR16yL0jb4gHVBs02OB33titrU9DqRwJCf82cfFwCleFWBZgPAMOyuLT5YA
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.