26.03.2020

МНР: македонски државјани утре доаѓаат од Малта и Хрватска

МНР: македонски државјани утре доаѓаат од Малта и Хрватска

Вкупно 5.250 македонски граѓани затекнати во странство се пријавиле на повикот на МНР, што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во земјава. Од нив, 2.900 граѓани се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот, информира државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов, а пишува Радио Слободна Европа.

Во изјава за ТВ Телма, Попов најави дека утре напладне ќе бидат реализирани првите два чартер лета – до Загреб и до Ла Валета во Малта, преку компанијата Визер кој го добила тендерот.

„За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта, изјави Попов.

Најголем дел од затекнатите македонски државјани се во Европа, но има и во прекуокеанските земји.
Извор: https://www.slobodnaevropa.mk
Foto: Радио слободна Европа- Архивска фотографија- Мерки за заштита и дезинфекција заради коронавирус на Меѓународниот аеродром Скопје


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.