23.04.2020
Италија од 4-ти мај започнува со нормализирање на секојдневниот живот
Италија од 4-ти мај започнува со нормализирање на секојдневниот живот
Враќањето кон нормалниот живот во Италија е предвидено за 4 мај, кое сè уште не е сигурно, но подготовките се забрзани и детални, пишува локално.мк

Надежта на лицето на оние што треба да продолжат или да започнат нов начин на својата активност во животот на кое било место во Италија по два месеци затворени врати, толку многу е евидентна и покрај тоа што се сведува на она што се нарекува намалено и различно.
(ЧИТАЈТЕ: Можни се здравствени пасоши за летување во Грција: Задолжително тестирање)
Дали ќе влегуваме во рестораните кога ќе се отворат, само со потпис на сертификат со кој се гарантира дека не сме позитивни за коронавирусот, дали ќе имаме одредена должина за времетраењето на ручекот или вечера, за да можат да влезат и други гости или претходно преку телефон ќе треба да резервираме за одредено време.
Во Италија, рестораните обично биле затворени после ручек, околу 15 часот и се отворале во вечерните часови, но сега сугестијата е да не се ограничува ова време и да бидат отворени седум дена во неделата.
(ЧИТАЈТЕ: Кога ќе може повторно да се патува во Италија?)
Сè ќе биде различно, од логистика до почитување на безбедносни мерки до она што се нарекува љубезно однесување, на италијански „галатео“ или француски бон-тон. Италијанците се луѓе кои се навикнати да се забавуваат, да излегуваат, да се дружат. Ќе се врати и тоа, но без вообичаеното „baci e abbracci“, бакнежи и прегратки. Дружбите ќе бидат со маски на лицето, се до појавувањето на вакцината.
Дописник за порталот „Novosti“ од Рим
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!
Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!
20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку
COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул
Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.