23.06.2022

Сместување со базен и спа на Плачковица: Дестинација која заслужува внимание

Сместување со базен и спа на Плачковица: Дестинација која заслужува внимание

Можеби ретко се споменува на туристичките понуди, но Плачковица е планина која заслужува поголемо внимание од досегашното. Ова планина била и се уште е почетокот на многу планинари, првата љубов на многу патувачи на планина, првите поминати километри пешачење низ шумските патеки и првите голтки вода дирекно од реката.


Се со цел да Ви го задржиме вашето внимание и да ве поттикнеме да го посетите овој крај на Македонија, тимот на Кајак.мк разговараше со нашиот нов домаќин Станко, чиј хотел „Бел Камен“ од денеска е дел од нашта база на приватни сместувања.


Станко вели дека госите кои престојуваат во хотелот доаѓаат од повеќе причини. Почнувајќи од прекрасната шума која го опколува хотелот, велосипедските патеки кои ги има низ шумата и патеките за пешачење до највисокиот врв „Лисец“.


За Плачковица се вели дека е планина за секого. Горите на планината се од бука, бор, ела, липа и разни диви овошја. Но планината е позната и по печурките. Овде може да најдете вргањ, сончарка, лисичарка, буковка, јајчарка во изобилие.


За љубителите пак на дивите шумски плодови чија сезона за берба започнува наскоро, може да се кажае дека планината е богата со малини, шумски јагоди, капини, шипинки, трника, дрен и боровинки. Додека движите низ планината ќе го почувствувате мирисот на парфем од билките кои растат тука. Од кантарион, риган, ајдучка трева, салеп, па се до мајчина душичка.


Планината има четири врва кои се над 1700 метри надморска височина, а помалку познат факт е дека Плачковица има најголем број пештери.

Домаќинот Станко додава дека до хотелот може да се пристигне по асфалтиран пат. Оддалечен е 20 километри од градот Радовиш, а хотелот располага со доволен број на паркинг места за сите гости.

За љубителите на активниот туризам треба да наведеме дека хотелот располага со спа центар и надворешен базен кој е достапен за користење.

Доколку сакате повеќе информации и фотографии, како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.