16.04.2022
Нашите гости се воодушевени од прекрасниот поглед и нашата домашна храна
Нашите гости се воодушевени од прекрасниот поглед и нашата домашна храна
Тимот на Кајак.мк им посакува топло добредојде на домаќините на „Тераса Утарна“ која од денеска е официјално дел од нашата нова база „Гастрономија“. Среќи сме Ирена и Благоја кои за нас се локални херои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.

Тераса Утарна се
наоѓа на уникатна местоположба и нуди незаборавен поглед кон Охридското Езеро.
За љубителите на планината и домашната вкусна храна, ова гастрномска дестинација
ќе биде вистинскиот залак за нив.
Домаќинката Ирена во кратки црти ни ја раскажа приказната за Утарна.

Се започнало пред
7 години кога нејзиниот сопруг Благоја кој бил во постојана комуникација со
туристите дошол до идеја дека во селото Горно Коњско (каде што се наоѓа
терасата) треба да отворат сопствен ресторан во кој ќе се служи домашна
традиционална храна.
Ирена се сеќава дека започнале со само пет мали дрвени масички, кои со тек на време прераснале во 10, а сега ги бројат 20. Причината поради која нивната приказна испишува успешни страници е храната и погледот.

Кога сме кај
храната Ирена вели дека гостите најмногу бараат храна која е од домашно
производство. Како најбарани специјалитети ги издвојува ајварот, питата и
домашните колбаси.
Храна во „Тераса Утерна„ соовршено се комбинира со прекрасниот поглед кон езерото. Ирена вели дека многу од гостите доаѓаат пеш до објектот, а дел ги посетуваат со автомобили.

За оние кои ќе се
одлучат за пешачење, треба да знаат дека селото Горно Коњско каде што се наоѓа објектот
е на 3 километри од главниот пат покрај езерото, а е на 1100 метри надморска
височина. Автобус не се искачува до крајната дестинација, а може да се посети
со мини комбе.
На почетокот на нашето четиво споменавме дека терасата е одличен залак на љубителите на природата и планината. Тука треба да ги споменеме убавините на Галичица и нејзината природа и ширините кои ќе ги фотографирате при пешачењето до локалот.

Честопати терасата
знае да биде пола со групи туристи кои пристигнуваат со комбе, затоа совет на
Кајак е секогаш да ги контактирате домаќините кои се на Кајак.мк пред да го
посетите објектот.. Контакт од „Тераса Утарна“ можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.