15.11.2021

Организираме предновогодишни настани на компаниите преку кои ги поддржуваме занаетчиите

Организираме предновогодишни настани на компаниите преку кои ги поддржуваме занаетчиите

Тимот на Кајак.мк ве информира дека месец декември ќе го посвети на сите занаетчии кои целиот живот заработуваат од туризам, а која гранка денеска за жал е ставена во мирување. Аплицирајте за понуда за вашата компанија со еден клик ОВДЕ.


Се со цел да им излеземе во пресрет на сите млади и стари, нови и долгогодишни занаетчии, ние развивме концепт каде преку предновогодишните прослави кои ќе ги организираме за приватните компании ќе одвоиме време и за посета на занаетчиските работилници, продавници или домови на локалните херои кои изработуваат уникатни дела.



Покрај класичниот ручек во ресторан со домашна музика и домашни специјалитети, нашите пакет патувања вклучуваат посета на занаетчиски семејства, продавници и работилници каде вработените на компанијата ќе може да научат, да стекнат вештини и да изработат разни украси, накит, додатни делови за облека, резбарски дела и ред други украсни подароци кои ќе бидат донирани како новогодишни подароци на деца и возрасни кои заслужуваат да им ја вратиме насмевката на нивните лица.


Ваквите настани ги организираме се со цел да докажеме дека секоја компанија е општествено одговорна и дека одвојува време и средства како за своите вработени така и за луѓето кои заслужуваат да им посветиме внимание. 


Ваквото предновогодишно патување им овозможува на вработените на една компанија да научат нови вештини, да уживаат и забавуваат, како и да се покажат како хумани луѓе кои дале подарок кои самите го изработиле.


Сите изработки ќе бидат донирани на места кои ќе бидат претходно одобрени од компанијата со која ќе соработуваме. Затоа ве покануваме да го пополните барањето за организирање на друштвено патување од наша страна. Барањето може да го поднесете со еден клик ОВДЕ.


Секоја компанија на која ќе и организираме предновогодишно патување, донира дел од средствата за пошумување и садење нови дрва.

Остави Коментар

Коментари

  • Сузана Златаревска

    01.12.2021 11:35

    Браво, за секоја идеја и реализација.

Прочитајте повеќе

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.

Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!

Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.