07.09.2022

Млеко од магарица: Природен антибиотик кој многумина го посакуваат

Млеко од магарица: Природен антибиотик кој многумина го посакуваат

Во светот на Кајак.мк од денеска ги вклучуваме и најмладите производители на млеко од магарица, кои за Кајак.мк велат дека ваквата идеја дошла за време на пандемијата, кога започнале со подготовка на теренот и обезбедување идеално живеалиште за стоката.


Денеска, семејството Алексови, чие отворено пасиште се наоѓа во кочанско село во падините на Пониква, е среќно што визијата за она што посакувале да го произведуваат конечно им се остварила.

Нивниот профил на фејсбук, каде можете да стапите во директен контакт преку порака можете да го најдете со еден клик ОВДЕ.


За оние кои досега не се запознаени. Магарешкото млеко има најмал процент на млечни масти од сите видови млеко. За разлика од повеќето други видови млеко, магарешкото млеко не содржи штетни бактерии кои би можеле да му наштетат на здравјето на новороденчето.


Поради високото ниво на ензими, магарешкото млеко се смета за природен антибиотик, па затоа се препорачува во борбата против бактериските инфекции во организмот, последиците од труењето и во лекувањето на кожни болести, а оваа млеко содржи 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото.

Повеќе информации можете да добиете од фејсбук страницата на „Млекце“ која ќе ја најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.