17.04.2024

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

Организираме пикник настани покрај реката Треска во близина на Долна Матка

На само два километри од заводливиот кањон Матка, на левиот брег на реката Треска, се крие едно тивко и мистично место кои чека да биде вашата следна дестинација. Ова прекрасно пространство, опкружено со шума, обезбедува не само природна сенка и ладовина, туку и извонреден пикник простор идеален за разни настани.

Просторот можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.


Тимот на Кајак.мк им го препорачува ова место на сите групи кои сакаат да организираат пикник другарување, активности во природа, работни презентации или работилници во природа.

Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката, идеални за одмор и уживање. Тука ќе најдете удобности како лежалки, хамаци, лулашки и големи маси, совршени за опуштени разговори и забави под отворено небо.


Во околината се нудат различни атракции како кајакарење, пешачење во природа, искачување по карпи, што го прави ова место одлично за авантуристи и љубители на природата. За оние кои сакаат да го организираат својот следен тим билдинг, роденден или пак „момински или ергенски дружби“, треба да имаат на ум дека пространството е повеќе од погодно.


Кампот располага со летна кујна опремена со плински шпорет и фрижидер, два тоалета и едно купатило, обезбедувајќи ги основните потреби за уживање. Исто така, местото нуди и Wi-Fi конекција за сите гости, што ви овоможува он-лајн работа во природа.

Кампот има обезбедено паркинг простор за четири автомобили или три автомобили и едно комбе. Капацитетот на местото е до 50 лица, што го прави идеално за средни групи кои сакаат да се забавуваат без да се чувствуваат пренатрупано.


Замислете ја вашата следна собиранка на ова место: далеку од секојдневниот стрес, опкружени со природата, со мирис на скара во воздухот, децата како играат околу, а пријателите и семејството заедно со вас. Реката Треска пружа совршена позадина со својот природен шум и релаксирачки амбиент.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, како и да испратите он-лајн барање за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.