24.04.2020

Најзагадените градови во светот забележуваат невиден пад на загадувањето на воздухот

Најзагадените градови во светот забележуваат невиден пад на загадувањето на воздухот

Главните градови кои останаа во мирување за време на коронавирусот имаат еден позитивен бенефит. А тоа е прочистениот воздух.

Анализата на IQAir, глобална информативна и технолошка компанија за квалитет на воздухот, покажува дека за време од тринеделен период при карантин, загаденоста во поголемите градови е намалена за дури 60 проценти во споредба со 2019-та година.


Истражувачите студирале 10 најголеми градови низ целиот свет каде има огромен број на случаи на СОВИД-19 но и строги мерки на карантин и извршиле споредба со претходните години. Седум од 10-те студирани градови, вклучително и Њу Делхи, Сеул, Вухан и Мумбаи, забележале значително подобрување на квалитетот на воздухот и PM2.5 честичките.

Њу Делхи, кој често се рангира како најзагаден град во светот, забележа намалување од 60 проценти во однос на нивото на PM2,5 помеѓу 23-ти март и 13-ти април, од истиот период во споредба со минатата година.

Во Сеул, имаше пад од 54% на PM2,5 помеѓу 26-ти февруари и 18-ти март, а Вухан - од каде потекнува вирусот - регистрираше пад од 44% на нивото на загаденост на воздухот помеѓу 26-ти февруари и 18-ти март.

Лос Анџелес исто така уживаше во чистиот воздух, кој е забележан како рекорд, при што нивото на PM2,5 е намалено за 51 отсто во однос на претходните четири години. 

Намалувањето на загаденоста на воздухот низ целиот свет е многу очигледно. Во Северна Индија, Хималаите одеднаш беа видливи по строгиот карантин. 

(ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Луѓето во Индија можат да ги видат Хималаите за прв пат после децении)


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.