31.05.2022

Со АТВ возила ги истражуваме убавините на Охрид и Галичица

Со АТВ возила ги истражуваме убавините на Охрид и Галичица

Уште една одлична атракција која мора дефинитивно да биде на вашата летна агенда. Тимот на Кајак е среќен да ве извести дека од денеска во нашата категорија „Каде Овде“ може да ги најдете и АТV CENTER BY PARK DIAMOND.

Како што ни велат организаторите, станува збор за авантуристичко искуство на кое не може да му одолеат најголемите авантуристи.


Центарот нуди повеќе опции на располагање, во зависност од вашето искуство и вашето расположение за возење.

  • Првата тура е со професионален водич и е во траење од 2 часа.
    Со атв моторите се посетуваат село Велестово, Шипокно и Коњско. Вкупното растојание е 20 километри, а за време на турата имате вклучено безалкохолни пијалоци. Цената за едно лице е 50 евра, а за 2 лица на едно атв возило е 65 евра.


  • Втората тура е со професионален водич и трае 4 часа. Се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, а вкупното растојание е 40 километри. За време на турата имате вклучено пакет ручек и безалкохолни пијалоци. Цената е 95 евра за едно или 115 евра за две лица на едно атв возило.


  • Третата тура е со професионален водич и во времетраење од 6 часа. Со ова тура се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, Трпејца каде имате поглед кон двете езера, Пештани и Лагадин. Вкупното растојание на турата е 90 километри. Цената за едно лице е 130 евра, а за две лица 155 евра на едно атв возило.


На располагање е „Ноќна тура“ со професионален водич во времетрање од 2 часа. Се посетуваат Велестово со поглед кон охридското езеро, цената за едно лице е 30 евра, а за две лица е 40 евра на едно атв возило.

Покрај наведените тури, постои можност и за приватна тура која самите ја организирате, а ова тура е 50 евра за едно или две лица на едно атв возило.

Од центарот ексклузивно дознаваме дека за првпат ќе воведат тура од Охрид до Ресен преку планина каде ќе биде организиран и ручек во етно ресторан.

Доколку сакате директен контакт за резервација и повеќе информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.