08.06.2023
Младиот Мирон Тасевски со своја семејна винарија во Скопје
Младиот Мирон Тасевски со своја семејна винарија во Скопје
Ако до вчера пишувавме за семејни винарии кои претежно се наоѓаат во централна Македонија односно во Тиквешкиот регион, денеска тимот на Кајак.мк ќе ви ја раскаже приказната на Мирон Тасевски кој како млад винар со само 27 години, одлучува да отвори своја мала семејна винарија во скопската населба Ченто.

Кајак.мк е во
постојана потрага по нови локални херои кои прават мали нешта од огромно
значење во развојот на туризмот во Македонија, па оттука може да кажеме дека Мирон
е нов на нашата листа на млади луѓе со светла иднина.
Мирон за Кајак.мк вели дека малата семејна винарија ја отвора во 2019-та година. Ваквата храброст му доаѓа од повеќегодишното практиканство и работно искуство во разни мали артисан финарии, но и во големи вински индустрии со големи количини вино. Тој е дипломиран енолог на Земјоделскиот факултет „Кирил и Методиј“ што му дава можност да биде главниот енолог во својата винарија.

По стекнатото искуство, Мирон одлучува да направи важен чекор во својот живот и да отвори своја мала семејна винарија именувана како „Винарија Мирон“. Винаријата денеска има палета од две сорти црвено вино: Вранец 2019-та кој го освојува златниот медал во категоријата на црвени вина на натпреварот „Винотек 2020“ во Кавадарци, како и „Каберне Сувињон 2021“, кој освојува второ место на истиот натпревар во 2021-ва година.

Како што расте
бројот на награди и признанија, така растат и стремежите кај Мирон. На есен винаријата
ќе ја збогати својата палета со бело вино, а ќе го зголеми и производството на
веќе постоечките сорти вино. Винаријата има цел да го искористи сето грозје од
кое прави вино, со тоа што во својата понуда додава и природен гроздов маџун и пастеризирана
шира која е безалкохолна и без додаден шеќер.
Во моментов Мирон е на усовршување во една од најголемите винарии во Нов Зелан, винаријата ВинЛинк каде што стенува светско знаење за филтрацијата на виното.

Доколку сакате да
му ја дадете поддршката на Мирон, тимот на Кајак.мк ве охрабрува да стапите во
контат со винаријата. Повеќе информации и фотографии можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.