07.08.2020
На Градиште е најубаво кога е празно!
На Градиште е најубаво кога е празно!
Запознајте ги „Camping Macedonia“ млади луѓе кои се посветени на камп-приказни во Македонија. Нивната цел е да ги поттикнат сите генерации за искористување на слободното време во природа на каков било начин. Секако како што велат тие да ја оддржуваат чиста околината и да не оставаат отпадоци позади себе.
Една нивна фотографија која пркоси на изминатиот викенд каде Градиште беше актуелен на медиумите по метежот и забавите коишто се организираа во екот на пандемијата, е ова фотографија.
Секој од вас, без разлика дали сте патници кои патувате преку Кајак.мк или само читатели, ќе можете да донесете свој заклучок.
Ова е Градиште, една од најубавите плажи на охридско.

Градиште е одморалиште и автокамп сместен на 14 километри од градот Охрид на пaтот кон манастирот Св. Наум Охридски, или поточно пред селото Трпејца, и е во склоп на Националниот парк „Галичица“.
Во густите сенки на боровата шума, во ладовина и прекрасна атмосфера сместени се неколку стотини камп приколки, бунгалови и шатори чии станари секоја година споделуваат незаборавни моменти во еден од најуредените кампови во Македонија. Градиште се протега на речиси 90.000 м2 од брегот на Охридското Езеро.
Авто кампот „Градиште“ располага со 8 бунгалови, 20 камп приколки и околу 100 слободни парцели за приватни шатори или камп приколки. Како гости во А.К. Градиште на располагање ви стојат:
- 3 плажи
- 4 санитарни јазли
- 2 продавници
- летна дискотека
- ресторан
Авто кампот „Градиште“ е место каде што се организираат многубројни забави, концерти, забави на плажа, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг и слични активности. Кампот е во склоп на националниот парк „Галичица“ и е добра појдовна точка за планинарење и прошетки во недопрената планинска природа. Во склоп на третата плажа се наоѓа и пештерската црква Св. Богорица. Во непосредна близина на А.К. „Градиште“ се наоѓа музејот на вода - наколна населба позната како „Залив на Коските“ која претставува значајна праисториска локација единствена по својот вид на овие простори и место кое дефинитивно мора да се посети.
instagram: campingmk
Facebook: Camping Macedonia
Twitter: camping_mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.