09.12.2020
Запознајте ги македонските ренџери кои ја чуваат Галичица!
Запознајте ги македонските ренџери кои ја чуваат Галичица!
Тимот на Кајак.мк денеска ве запознава со уште еден доста вреден тим кој му оддаваме почит за неговата работа. Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност.
Согласно Законот за заштита на природата непосредната
(физичката) заштита на природата во националниот парк ја вршат чувари на
паркот. Во Национален парк Галичица има пет чувари на паркот. Треба да се има
предвид дека и останатите вработени имаат право да регистрираат и
забележат/пријават недозволени/бесправни дејствија на територијата на паркот.
Чуварите на паркот имаат задача да ги заштитуваат клучните вредности на паркот кои се состојат од 4 таксони од без`рбетните и 13 од `рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени,неколку стотини ретки и заштитени видови во Паркот се претставени со значајни популации. Бројните ендемични видови на Паркот му даваат посебно обележје. Некои од нив се среќаваат само во границите на Паркот, и тоа: 29 таксони од алги, 13 видови васкуларни растенија, 61 таксони од без`рбетните и 4 таксони од `рбетните животни.
Покрај тоа, Паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или Балканот, и тоа: 46 таксони вишите растенија, 97 таксони без`рбетници и 14 таксони `рбетници. Голем е бројот на видови во Паркот кои се силно привлечни и лесно препознатливи за посетителите и локалното население и како такви се основа за развој на туризмот.
Со значајното зголемување на бројот на посетители се зголемува и бројот на “интересни“ настани. Значајно е да се истакне разликата на однесување во паркот помеѓу домашните и странските посетители. Во секој случај, евидентен е растот на јавната свест за потребата од заштита на природата кај сите посетители.
Она што е доста важно е дека тие вршат контрола на сите дозволи за користење, други активности и
движење во рамките на границите на паркот, следење на спроведувањето на мерките за заштита од пожари и
други природни катастрофи во рамките на паркот како и следење на загадување со разни видови отпад на водите и
почвата.
Исто така тие придружуваат групи посетители, обезбедуваат потребни информации. Драго ни е што заземаат учество во активности поврзани со ревитализација на живеалиштата и дивите видови.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.