19.02.2024

Засадени нови дрвца во Неготино преку тим-билдинг програмата на Кајак.мк

Засадени нови дрвца во Неготино преку тим-билдинг програмата на Кајак.мк

На 17-ти февруари, Кајак.мк заедно со пријателите од Valtech и Xessable засадија дрвца во новиот парк во Неготино кој се наоѓа во близина на „Саат Кулата“. Нам ни претставува особено задоволство фактот дека во близина на самиот парк има детска градинка, што ни дава до знаење дека успеавме да овозможиме ново зеленило, чист воздух и сенка на дечињата кои ја користат оваа локација за игри и другарување.


Засадени се пет разни сорти на дрвца, за кои насоки и логистика добивме од Општина Неготино.

Мисијата на Кајак.мк за постојано пошумување на нови паркови и јавни површини во Македонија има цел да изгради една поубава слика за земјата, да му овозможи на локалното население нови зелени површини, летни сенки и чист воздух.


Ваквите акции за пошумување низ Македонија ги реализираме со компаниите со кои веќе сме организирале тим-билдинг настани, а кои преку своите патувања донираат симболични средства за садење нови дрвца.

По спроведената акција, сите заедно го посетивме селото Долни Дисан, каде во истиот ден се оджуваше „Треил трката за ВИНО И ЉУБОВ“ во организација на „Деконус“, наши пријатели кои вредно го промовираат неготинскиот регион.

Трката се организира втора година по ред, а на неа беа пријавени 180 тркачи и видени многу гости кои беа дојдени се со цел да ги вкусуваат локалните вина и специјалитети од ова поднебје.


Денот ни заврши со посета на прекрасната винарија „Венец“ каде имавме можност да прошетаме низ просториите на винаријата, а исто така имавме можност да дегустираме премиум вино за кое сведочат многубројните награди.

Нашите акции за пошумување и донирање нови дрвца ќе продолжат во иднина, бидејќи тоа е една од клучните цели на постоењето на Кајак.мк.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.