16.06.2024

Планинска викендица на 900 мнв: Беровската Сливница

Планинска викендица на 900 мнв: Беровската Сливница

Дали сте слушнале за излетничката локација Сливница? Но, не Сливница на Преспанско езеро, туку беровската Сливница која се наоѓа на 900 метри надморска височина.

Оваа планинска дестинација изобилува со многу борова и дабова шума. Идеално мирен и тивок предел на кој секој би сакал да се одмори. Сливница се наоѓа на патот помеѓу Берово и Струмица, во близина на Суви Лаки. Ориентационо најблиску е до селото Ратево.

Викендицата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


За оние кои сакаат одмор, спокој и тишина, или пак сакаат да ги прошетат своите деца во природа, треба да имаат предвид дека оваа викендица е идеална за две семејства со по две деца. Викендицата има внатрешна кујна и трпезарија, но има и надворешен затворен летниковец со целосно опремена кујна и огниште за скара. Местото ви нуди чист планински воздух, планински терен и секако можете да појдете на ручек до Бела Вода во Суви Лаки.

Сместувањето се наоѓа во мирна околина со неколку локални кампови. Сигурни сме дека сте љубопитни за повеќе детали, фотографии и дел од вас ќе сакаат да извршат резервација. За повеќе информации кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.